Македонија со три претставници во АБА 2, дуел Пелистер – МЗТ веќе во второто коло

Македонија со три претставници во АБА 2, дуел Пелистер – МЗТ веќе во второто коло

пред 1 година

Maкедонија и официјално ќе има три претставници во новата сезона на АБА2 лигата. На собрание на раководството на регионалното натпреварување беа потврдени сите учесници во новата сезона, а објавен e и комплетниот распоред од првата фаза.

Во новата сезона во АБА 2 ќе се натпреваруваат екипите на Пелистер, МЗТ Скопје и ТФТ Моцарт.

Покрај македонската тројка, во новата сезона ќе учествуваат уште: Борац Бања Лука, Цедевита Јуниор, Шенчур, Хелиос Санс, Подгорица, Шибенка, Широки Бријег, Спартак, Сутјеска и Златибор. Последниот тим ќе биде познат по квалификациите во кои ќе играат Спарс, Војводина, Илирија и Босна.

Во првото коло македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Цедевита Јуниор, Пелистер за противник ќе го има Шенчур, а ТФТ ќе се сретне со Златибор.

Во второто коло е првото македонско дерби, во кое ќе се пресметаат Пелистер и МЗТ Скопје.

Share
Scroll to Top