Манчестер Сити го доби дуелот со Ливерпул во Карабао куп

Манчестер Сити го доби дуелот со Ливерпул во Карабао куп

пред 2 години

Манчестер Сити доби уште една битка со Ливерпул оваа сезона, овојпат во Карабао куп. „Граѓаните“ славеа со 3:2 на „Етихад“ и се пласираа во следната рунда од Лига купот на Англија, но му зададоа уште еден удар на големиот ривал.

Ерлинг Халанд во десеттата минута донесе водство за Сити, но израмни Карвалјо десет минути подоцна.

На почетокот на вториот дел, Ријад Марез донесе нова предност за „граѓаните“, а само една минута подоцна возрати Мохамед Салах.

Конечниот епилог го постави Нејтан Аке кој во 58.минута со удар со глава зголеми на 3:2. Дарвин Нуњез имаше убава шанса повторно да израмни, но не беше прецизен.

Share
Scroll to Top