Манчестер сити и Арсенал внимателно ја следат ситуацијата со Олмо

Манчестер сити и Арсенал внимателно ја следат ситуацијата со Олмо

пред 2 дена

Манчестер сити и Арсенал ја следат драмата во Барселона околу регистрацијата на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо. Доколку Барселона не успее да го пријави за вториот дел од сезоната, англиските клубови ќе стапат во акција, со надеж дека ќе успеат да го убедат 26-годишникот да се пресели кај нив.

Ова го пишуваат англиските и шпанските медиуми кои најавуваат можен договор, неочекуван поради проблемите на Барселона. Да потсетиме, Олмо летово се врати во Барселона, која има проблем со регистрацијата за вториот дел од сезоната поради прекршување на прописите за финансиски фер-плеј. Тој потпиша договор до летото 2030 година, но во договорот постои клаузула дека може без обесштетување да замине доколку клубот не го регистрира за вториот дел од сезоната.

Судската одлука за регистрацијата на Олмо треба да биде донесена на 27 декември. Барса се надева дека одлуката ќе биде донесена во нивна полза бидејќи судијата кој одлучил за тоа во сличен случај му дозволил на Гави да игра за Барса.

Во овој случај, клубот, како и во случајот со Гави, бара Олмо да добие едно од неговите основни човекови права, а тоа е правото на работа.

Шпанските медиуми неодамна објавија дека претседателот на Барселона, Џоан Лапорта открил дека ќе се обиде да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната. Поранешниот фудбалер на Динамо беше пријавен за воведниот дел од сезоната, но дури од третото коло, откако Барселона го искористи правилото кое на клубовите им дозволува да ангажираат нов фудбалер, доколку некој до пријаените се здобил со повреда која го оддалечува од тимот најмалку шест месеци.

Во случајот на Олмо, клубот искористи 80 отсто од издвоената сума за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен. Бидејќи ист играч не може да биде регистриран за ист клуб двапати во една сезона, на Олмо му се заканува да не игра во втората половина од сезоната поради правилата во Ла Лига.

„Поставивме некои барања, но без да бидеме саркастични, бидејќи сакаме да ги покриеме сите опции. Се повикуваме на фактот дека маржата за плата што ни ја остава Тер Штеген ќе биде искористена за Дани и Пау ( Виктор)“, откри Лапорта.

Да потсетиме, Тер Штеген заработи тешка повреда на коленото на крајот на септември, поради која нема да игра до крајот на првенствот.

Доколку разликата во платата на Тер Штеген не е доволна за да се регистрира Олмо, Лапорта наведува дека има и можноста за потпишување на нов профитабилен договор со „Најки“ кој би овозможил финансиските книги на Барселона да биде во согласност со финансискиот фер-плеј. Проблем е што овој профитабилен договор со компанијата „Најки“, Лапорта го најавува неколку месеци, а тој се уште не е потпишан.

Олмо минатото лето пристигна во Барселона од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра. Во договорот вметнал клаузула која гарантира раскинување на договорот доколку има проблеми со регистрацијата. За Барса досега одигра 15 натпревари, постигна пет голови.

Share
Scroll to Top