Манчестер јунајтед се вклучи во трката за потписот на Симонс

Манчестер јунајтед се вклучи во трката за потписот на Симонс

пред 3 месеци

Манчестер јунајтед влече молскавични потези во актуелниот преоден рок. Клубот прави се за да го доведе играчот за врска Мануел Угарте од Пари Сен Жермен, а медиумите на Островот пишуваат дека Ерик тен Хаг сака во својот тим да го види сонародникот Чави Симонс, кој минатата сезона играше на позајмица во Лајпциг.

Се верува дека 21-годишниот фудбалер веќе ги договорил условите со Баерн, но Јунајтед ќе се обиде да се вклучи во трката за да го убеди да игра во Англија.

Мисијата нема да биде лесна, иако на „Олд Трафорд“ има надежи дека фудбалерот би можел да се предомисли.

Факт е дека Симонс пред да пристигне во Лајпциг играше на позајмица во ПСВ, каде тренер му беше Руд ван Нистелрој.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед неодамна беше назначен за помошник на Ерик тен Хаг и тој би можел да го убеди Симонс да се премисли и да ја прифати понудата на Јунајтед.

Холандската колонија на Олд Трафорд расте, па Симонс не би имал проблем да се вклопи.

Share
Scroll to Top