Марка: Чави не размислува за Дани Алвес

Марка: Чави не размислува за Дани Алвес

пред 3 години

„Марка“ ги демантира пишувањата на бразилските медиуми, дека Барселона преговара со ветеранот Дани Алвес. Најтрофејниот фудбалер во светот, нема клуб од септември, кога го раскина договорот со Сао Паоло.

Дани Алвес го носеше дресот на Барселона од 2008 до 2016 година. 38-годишникот, настапил на 391 натпревар, постигнал 21 гол и забележал 101 асистенција.

„Новиот тренер на Барселона, Чави, разгледува со кои играчи би можел да го засили тимот. Неколку имиња се во игра, а неговиот поранешен соиграч Дани Алвеш и покрај тоа што сам се понуди, не е во неговите планови“, пишува „Марка“.

Според овој извор не е исклучено Дани Алвеш да се врати во Барселона, но не како играч, туку како функционер.

Share
Scroll to Top