Мбапе се уште не донел никаква одлука

Мбапе се уште не донел никаква одлука

пред 11 месеци

Килијан Мабпе, синоќа со ПСЖ го освои првиот трофеј во ерата на Луис Енрике. „Светците“ со победата 2:0 над Тулуз го освоија Суперкупот на Франција. Втроиот гол за ПСЖ го постигна Мбапе.

По триумфот над Тулуз и освоениот 12. трофеј во Суперкупот во клупската историја, вниманието на медиумите беше насочено кон Мбапе. Напаѓачот влезе во последните шест месеци од договорот со ПСЖ што значи дека слободно може да преговара со други клубови.

Две години тој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а како што претходно обајави „Ле Паризиен“, од Мадрид добил рок од две недели да се изјасни околу нивната понуда.

„Сеуште не сум донел одлука за мојата иднина, но имам договор со претседателот на ПСЖ, така што двете страни се заштитени. Сега се фокусирам на тимот, а не на себе“, изјави Мбапе.

Share
Scroll to Top