Рускиот тенисер Данил Медведев (25) добро знае да избере спонзор. Русинот неодамна потпиша договор со светски позната фирма која произведува луксузни часовници, а еден од најскапите модели се наоѓа и во неговата колекција.
Медведев често споделува на социјалните мрежи фотографии од приватниот живот, а на неговата лева рака се наоѓа часовник кој чини богатство.
Моделот кој Данил го одбра е „Bovet Recital 26 Brainstorm Chapter One” и чини 270.000 евра!
Пречникот на часовникот е 48 милиметри, а куќиштето е изработено од кристален сафир.
Компанијата која го произвела овој часовник се занимава со овој бизнис уште од 1822 година и е позната по неверојатниот механизам.