Мекгрегор против Поаире по третпат – закажан е спектакл пред 20.000 навивачи

Мекгрегор против Поаире по третпат – закажан е спектакл пред 20.000 навивачи

пред 4 години

Закажан е уште еден голем УФЦ спектакл годинава, поточно во јули. Двајцата можеби најатрактивни борци на денешницата – Конор Мекгрегор и Дастин Поаире по третпат ќе се судрат во октагонот.

Потврда за тоа стигна од патронот на УФЦ – Дејна Вајт.

„Толку сум среќен што можам да кажам дека ова лето Вегас ќе работи со полна пареа, а на 10. јули УФЦ 264 ќе се одржи во `T-Mobile` арената со 100% капацитет, со 20.000 навивачи. Картите се во продажба од оваа недела“ порача Вајт.

Нивниот прв меч во 2014 година му припадна на Мекгрегор со нокаут во втората рунда, додека втората пресметка ја доби Американецот кој „го претепа“ противникот.

Интересно е што мечот е потврден само по два дена откако Ирецот рече дека пресметката нема да се одржи:

Конор не ја дал ветената донација за Поаире, Ирецот го откажа мечот!

Share
Scroll to Top