Мекгрегор со посебна торта го прослави првото место на листата за заработувачка

Мекгрегор со посебна торта го прослави првото место на листата за заработувачка

пред 3 години

УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор, беше во славеничка атмосфера откако магазинот „Форбс“ потврди дека Ирецот бил спортистот со најголема заработувачка во последните 12 месеци, ставајќи го на првото место на својата славна листа по приходот од фантастични 180 милиони долари.

„Ноториус“ успеа да се „опари“ откако го продаде својот бренд виски „Пропер 12“ за фантастични 150 милиони долари.

„Бејби, успеавме! Благодарам на ‘Форбс’ за признавањето на мојата улога како бизнисмен. Беше сон да се предводи оваа листа со толку успешни имиња. Одиме само напред и нагоре“, напиша Ирецот.

Конор Мекгрегор е „кралот“ на заработувачката изминатата година!

Share
Scroll to Top