Мекманаман: Ако Салах бара премногу пари, Ливерпул мора да го продаде

Мекманаман: Ако Салах бара премногу пари, Ливерпул мора да го продаде

пред 3 години

Поранешното крило на Ливерпул, Стив Мекманаман вели дека клубот не смее да си дозволи да биде уценуван и дека доколку не се постигне договор со Мохамед Салах, „црвените“ едноставно треба да го продадат Египќанецот.

Ова лето Ливерпул успеа да ги продолжи договорите на повеќе стандардни првотимци, но не и на Салах, кој има договор до 2023 година, и шпекулациите во британските медиуми тврдеа дека тој бара да е убедливо најплатениот фудбалер на клубот.

„Ако сака премногу пари, а Ливерпул не може да си го приушти тогаш, тогаш едноставно ќе мора да го продадат. Ако сака половина милион евра неделно, тоа нема да се случи во Ливерпул. Се надевам дека ќе сака нешто повеќе од само парите, а тоа Ливерпул може да му го понуди. Ливерпул нема да се натпреварува со платите со ПСЖ или Манчестер сити, бидејќи живеат во друг финансиски свет. Некој друг ќе дојде и ќе бара повисока плата и тоа предизвикува хаос во тимот. Мора да се стави крај некаде. Клубот загуби над 100 милиони фунти во пандемијата и не може да лудува. Да, платете му колку што вреди, се работи за брилијантен фудбалер, но двојно поголема плата? Тоа не може да помине“, вели Мекманаман.

Салах од Ливерпул бара рекордна висока плата

Share
Scroll to Top