Менаџерот Рајола им го понудил Донарума на Барселона

Менаџерот Рајола им го понудил Донарума на Барселона

пред 4 години

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, до недела мора да реши дали ќе остане во клубот или ќе замине како слободен играч.

Досегашните преговори не беа успешни, од причина што Милан сметаат дека голманот бара голема плата.

„АС“, во петокот, објави дека менаџерот Мино Рајола им го понудил Донарума на Барселона.

Барселона во своите редови го има еден од најдобрите голмани во светот, Марк-Андре тер Штеген, меѓутоа доколку добие квалитетен голман без обесштетување, тогаш Германецот би бил ставен на трансфер-листата.

Со продажбата на Тер Штеген, Барселона малку би си ја олеснила финансиската ситуација и би обезбедила пари за некој друг трансфер.

Share
Scroll to Top