Менхенгладбах ја продолжи мизеријата на Шалке

Менхенгладбах ја продолжи мизеријата на Шалке

пред 4 години

Славното име на германскиот фудбал, фудбалскиот клуб Шалке, ги преживува најтешките моменти во својата историја. Клубот кој седум пати бил шампион на Германија, нема победа во Бундес лигата на последните 25 натпревари. Последен тим кој паднал пред Шалке бил Борусија Менхенгладбах, на 17.јануари.

Шалке, вечерва, гостуваше во Менхенгладбах и доживеа пораз од 4:1. Во девет одиграни натпревари во Бундес лигата, Шалке немаат победа, три пати одиграле нерешено и забележале шест порази.

Натпреварот во Менхенгладбах го отвори со гол Нојхаус во 15.минута, а Шалке пет минути подоцна израмнија прему Рамано. Во второто полувреме Борусија постигна три гола, преку Вендт, Турам и Волф.

Share
Scroll to Top