Меси и оваа година ќе го прескокне Ол-стар мечот, но без казна

Меси и оваа година ќе го прескокне Ол-стар мечот, но без казна

пред 5 часа

Лионел Меси нема да настапи на претстојниот Ол-стар натпревар на МЛС лигата, откако со Аргентина играше финале на Светското првенство, соопшти американската лига.

Минатата година Меси беше казнет бидејќи самоволно го прескокна мечот кој ги собира најдобрите играчи од МЛС против избран состав од мексиканската Лига MX.

Учеството на Ол-стар натпреварот вообичаено е задолжително, освен во случај на повреда, но оваа година е направен исклучок поради специфичниот распоред предизвикан од Мундијалот.

„Во согласност со договорот, Родриго Де Пол и Лионел Меси ќе бидат ослободени од настап на Ол-стар натпреварот во 2026 година“, соопшти МЛС.

Меси и Де Пол играа финале на Светското првенство во Њујорк, каде Аргентина по продолженија загуби од Шпанија со 1:0.

Во отсуство на Меси, меѓу најголемите ѕвезди на Ол-стар мечот ќе бидат Сон Хјунг-мин од Лос Анџелес ФК, Томас Милер од Ванкувер и капитенот на репрезентацијата на САД Тим Рим.

Минатата година Меси заедно со Жорди Алба беше суспендиран на една утакмица поради прескокнување на Ол-стар дуелот, по што МЛС најави преиспитување на правилата.

Фото: Депозитфотос

Share
Scroll to Top