Местеле натпревари – Шестмина Шпанци осудени и суспендирани

Местеле натпревари – Шестмина Шпанци осудени и суспендирани

пред 3 години

Шест шпански тенисери добија долги суспензии поради обвинувања за наместени натпревари. Тие се осудени пред шпанскиот суд за случајот на организирана криминална група. Сите шестмина ја признаа вината и добија двегодишни затворски казни. Според шпанскиот закон, казните до две години не се издржуваат во затвор, туку практично се условни.

Покрај шпанскиот суд, тенисерите добија и суспензии од Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА), која оцени дека тоа е „едно од најголемите влијанија на организираниот криминал во тенисот“.

Суспензиите изречени за тенисерите се движат од седум до 22 години.

Марк Форнел-Мастерс, Хорхе Марсе-Видри, Карлос Ортега, Џејми Ортега, Маркос Торалбо и Педро Бернабе Франко од шпанскиот суд се казнети и парично со по 450 евра.

Значително се поголеми паричните казни што им ги изрече ИТИА.

Марк Форнел-Мастерс е казнет до 250.000 евра, но ќе плати само 50.000, Хорхе Марсе-Видра е казнет со 15.000, но ќе плати 5.000 евра. Останатите се казнети со вкупно 450.000 евра, но ќе бидат платени 60.000 евра.

На шестмината тенисери им е забрането да играат тенис и да доаѓаат на тениски натпревари или да бидат тренери во периодот додека се наоѓаат под суспензија.

Share
Scroll to Top