Милан самоуверено на врвот во Серија А, падна и Фиорентина

Милан самоуверено на врвот во Серија А, падна и Фиорентина

пред 3 години

Екипата на Милан со нов триумф останува на лидерската позиција во Серија А. Попладнево на „Сан Сиро“ падна и Фиорентина, со 2-0.

Иако „Росонерите“ во составот на денешниот меч го немаа Златан Ибрахимовиќ, а на клупата седеше Бонера, на местото на Стефано Пиоли, тоа не им пречеше на „црвено-црните“ повторно да триумфираат.

Дефанзивецот Ромањоли уште во 17 минута донесе водство за својот тим, а во 28 минута, Кеси од пенал зголеми на 2-0.

Истиот играч имаше можност и за втор гол од белата точка, но вториот удар за најстрога казна му беше неуспешен, голманот Драговски беше поуспешен.

Поседот на топката беше речиси изедначен, двете екипи воглавно играа меѓу двата шеснаесетника, а двајцата голмани немаа премногу удари кон нивните голови.

Милан останува лидер на табелата и по ова коло, со 23 бода, сега 5 повеќе од второпласираниот Интер.

Болоња во истиот термин со 1-0, со голот на Сориано во 45 минута го совлада Кротоне за четврта победа во 9 меча во Серија А.

Share
Scroll to Top