Милвоки ги „изгасна жешките“ со серија 4-0 во победи

Милвоки ги „изгасна жешките“ со серија 4-0 во победи

пред 3 години

Со „метла“ – 4-0 во победи Милвоки Бакс ја заврши осминафиналната плеј-оф серија против Мајами Хит. Предмалку Бакси со убедливи 120-103 славеа во „Американ аирленс арена“ во Мајами.

Дури четворица кај гостинскиот им имаа 20 и повеќе поени на мечот.

Брук Лопез серијата против „жешките“ ја заврши со 25 поени и 8 скока, Брин Форбс го следеше со 22 поени, а веднаш зад нив беше тандемот – Мидлтон/Адетокумбо, двајцата со по 20 поени. Притоа Гркот дојде и до трипл-дабл учинок, со 12 скока и 15 асистенции.

Кај Мајами најрасположен за игра беше Адебајо со 20 поени, а Нун броеше до 18.

Сека Милвоки го чека победникот од дуелот Бруклин – Бостон.

Share
Scroll to Top