Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска

Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска

пред 5 месеци

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски е еден од четворицата номинирани за фудбалер на сезоната во Шкотска.

Миовски блеска оваа сезона во дресот на Абердин, постигна 24 голови во сите натпреварувања, 15 од нив во Премиер лигата на Шкотска.

Покрај Миовски за престижната награда се номинирани Лоренс Шенкленд од Хартс, Џек Батланд од Глазгов Ренџерс и Мет О’Рајли од редовите на Селтик.

Инаку, Миовски неодамна беше избран за фудбалер на годината во Абердин, во изборото на соиграчите и навивачите.

Share
Scroll to Top