Монца, клубот во сопственост на поранешниот газда на Милан и екситалијански премиер, Силвио Берлускони не успеа да ја заврши бајката и да влезе првпат во историјата во Серија А, откако во полуфиналето од плејофот загуби со високи 3:0 кај Читадела.
Берлускони лани успеа да го „крене“ клубот од Серија Ц во Серија Б, и потоа да ги донесе како засилувања Кевин-Принс Боатенг и Марио Балотели, но за место во елитата ќе почекаат барем уште една сезона.
Енрико Балдини постигна хет-трик за 3:0 победа на Читадела, шестопласираниот тим од Серија Б минатата сезона, со што тие ќе играат против подобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва помеѓу Венеција и Лече. Емполи и Салернитана веќе го потврдија влезот во Серија А со првото и второто место на табелата.
Читадела, клуб формиран во 1973 година со спојувањето на два локални клуба од провинцијата Венето, никогаш во историјата не играл во Серија А. Во сезоната 2018/19, тие стигнаа до финалето на баражот за влез во Серија А против Верона – победија во првиот меч со 2:0, пред во реваншот да загубат со 0:3.