Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати вели дека едвај го чека мечот на „нераѕурите“ против Рома, сметајќи дека неговиот поранешен соработник Жозе Мурињо и Рома се „најголемото изненадување“ оваа сезона. Мурињо пак се враќа на „Џузепе Меаца“ во сабота во 18.00 часот.
„Интер мораат да бидаат подобри, бидејќи отсуството на Ромелу Лукаку се чувствува во тимот, бидејќи тој е најважниот играч за нив. Имам чувство дека губењето на титулата минатата сезона им падна тешко и постои некое разочарување, така што мораат бргу да се разбудат. Рома дефинитивно е во подобра форма и се многу забавен тим за гледање и очекувам дека ќе се најпријатното изненадување оваа сезона“, вели Морати.
Мурињо нема да биде на клупата поради суспензија, така што ќе може да ги поздрави навивачите на Интер од трибините. Морати беше претседател кога Мурињо и неговиот тим стигна до славната тројна титула во 2010 година.
„Неговите одлики секогаш се исти, професионализмот и деталите. Мурињо има големи амбиции оваа сезона“, оценува Морати.