И покрај шпекулациите дека неговата работа во Тотенхем е неизвесна, Жозе Мурињо инсистира дека е прерано да се гледа на табелата и верува дека тимот од северен Лондон може да влезе во топ 4 оваа сезона.
Низа од четири порази во последните пет лигашки меча го прати Тотенхем на деветтото место, откако на почетокот на декември беа на врвот. Спарси сега се шест поени од четвртото место кое носи во Лигата на шампионите, но имаат натпревар помалку.
„Многу е рано да се размислува за табелата. Луѓето уште имаат повеќе мечеви од нас, а ние веќе одигравме по два меча против Ливерпул, Челси и Манчестер сити. Ќе треба да се бориме и да чекаме до последниот меч да видиме што ќе се случи. Многу работи можат да се случат. Може да бидеме во топ 4, топ 6 и надвор до топ 6“, објаснува „Специјалниот“.
Во недела Тотенхем гостува кај петтопласираниот Вест хем, по што игра два меча дома против Барнли и Кристал палас.
„Како кога ќе загубиш три меча си во лоша ситуација, ако победиш во три меча си на многу подобро место. Но, на крајот табелата ти го дава тоа што го заслужуваш“, додава Мурињо.