„На дожд немам шанси против Мекларен“

„На дожд немам шанси против Мекларен“

пред 2 дена

Макс Ферстапен, актуелниот светски шампион во Формула 1, не е оптимист во врска со своите шанси на Големата награда на Белгија, која започнува во 15 часот.

Брилијантниот Холанѓанец го изненади дуото на Мекларен Пјастри – Норис и неочекувано славеше во спринт трката на познатата патека Спа Франкошамп. Сепак, возачот на Ред Бул не верува дека може да го повтори овој резултат на главната трка.

„Мислам дека мојот максимум е третото место. Мекларените се толку доминантни, тоа е реалноста“, рече четирикратниот последователен светски шампион.

Се очекува да врне дожд на денот на трката во Белгија и многумина мислат дека тоа би можело да биде шансата на Макс. Ферстапен не се согласува. Напротив.

„Ако врне дожд, шансите на Мекларен се уште поголеми таму. Нивните гуми за сите временски услови работат многу подобро. Секој пат кога беше влажно, не можев ништо да направам. Не мислам дека тоа ќе се промени во Белгија.“

Ферстапен моментално е трет во шампионатот со 173 поени. Пјастри е лидер со 241, додека Норис има девет поени помалку.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top