На Шпанците и Енрике за ремито им беше виновна сувата трева!

На Шпанците и Енрике за ремито им беше виновна сувата трева!

пред 3 години

Шпанија во еден од најчудните мечеви досега на ЕУРО 2020, вчера во Севилја не успеа да постигне гол и одигра само 0:0 против Шведска и покрај тоа што имаа 85 отсто посед на топката, по што селекторот Луис Енрике и дел од фудбалерите се пожалија на сувата трева на стадионот „Ла картуха“.

„Причината не е во теренот, но да бидеме искрени, теренот не беше во најдобра состојба“, изјави Педри по мечот, а Луис Енрике додаде дека се надева дека за саботниот меч против Полска „ќе има подобри услови“. Шпанија трите меча од групата фаза ќе ги игра во Севилја.

Севилја беше „резервна варијанта“ на УЕФА, откако Билбао ја загуби организацијата, а локалните организатори за лошата состојба на теренот ги обвинуваат метеоролошките услови – минатата недела во Андалузија температурите достигнаа до 40-тиот степен, невообичаено топло за јуни. Ова ја „изгорело“ тревата и покрај обидите на организаторите да ги следат насоките од Шпанската фудбалска федерација.

Share
Scroll to Top