Навреди на национална основа за Златан на „Рајко Митиќ“

Навреди на национална основа за Златан на „Рајко Митиќ“

пред 4 години

Возбудливиот меч помеѓу Црвена звезда и Милан, кој заврши со 2:2 со два пенали, два поништени голови и камбек на српскиот клуб во 93. минута од мечот, беше одбележан и со мала провокација на национална основа за ветеранот на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ.

Златан, кој остана на клупата на Милан, иако е роден во Шведска, има балканско потекло – мајка му е Хрватка, а татко му Бошњак, и тоа му пречеше на некој во ВИП ложата на српскиот клуб, кој го нарече „смрдлив балија“, погрдно име за Бошњаците.

Share
Scroll to Top