Јулијан Нагелсман ќе се обиде да ја освои првата титула во историјата на РБ Лајпциг во финалето на ДФБ купот пред да се пресели во Баерн Минхен, откако во драматичен меч во Бремен во продолженија стигнаа до 2:1 победа.
Откако на „Весерстадион“ немаше голови во регуларните 90 минути, Кореецот Хванг Хи-Чан ги донесе „биковите“ во водство во 93. минута, но Вердер успеа да израмни преку Леонардо Битенкорт во 106. минута, пред на самиот истек на второто продолжение, Емил Форсбрег да донесе победа.
Тимот на Нагелсман во финалето на купот ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Борусија Дортмунд и најголемото изненадување, второлигашот Холштајн Кил, кој се игра утре.