Надал закажа дуел со Ѓоковиќ во Париз

Надал закажа дуел со Ѓоковиќ во Париз

пред 3 месеци

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во првото коло на олимпискиот турнир го совлада Унгарецот Мартон Фучовиќ со 2:1 и во следното коло ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот на омилениот терен на кој 14 пати го освои Ролан Гарос, победи во три сета по речиси два и пол часа со 6:1, 4:6, 6:4.

Импресиониран од противникот Фучович статираше во првиот сет кој лесно го доби Надал. Во вториот Унгарецот клучниот бреј го направи во третиот гем кога поведе со 3:0.

Решавачкиот сет започна израмнето,ма моментот кој го реши победникот се случи во петтиот гем кога Надал успеа да направи брејк.

Со овој триумф, Надал, за два дена го најави најголемиот класик во тенисот, дуелот со Новак Ѓоковиќ. Можеби следниот дуел ќе биде последен во ,еѓусебните соочувања на великаните на светскиот тенис.

Share
Scroll to Top