Рафаел Надал, на сите оние кои го следат на Инстаграм, им соопшти дека имал медицински третман на повреденото стапало, на левата нога.
Шпанецот, во соопштението, не прецира дали бил на операција или само се работи за полесна интервенција. Во текстот го искористил терминот „медицински третман“.
Надал, неколку години има проблем со левото стапало. Поради оваа повреда тој не настапи на Вимблдон, Олимписките игри, Мастерс турнирите во Торонто и Синсинати, а го пропушти и Ју-ес опен.
„Сакам да ви кажам дека со својот тим бев во Барселона. Добив третман поради што ќе морам да мирувам неколку недели. Се враќам дома за да го почнам процесот на рехабилитација“, напишал Надал.
Освојувачот на 20. гренд слем титули, во моментов се наоѓа на петтото место на АТП листата, но бидејќи не играше на Ју-ес опен, од понеделник падне на шестото место.
View this post on Instagram