Шефилд јунајтед потврдија дека има внатрешна истрага, откако британските медиуми објавија фотографии од уништеното Ламборгини Авентадор од 300.000 евра на нивниот напаѓач Лис Мусе, откако тој се удрил во паркирани автомобили во Шефилд, а полицијата потврди дека уапсила двајца мажи во своите 20-ти години поради сомнежи за возење во алкохолизирана состојба.
24-годишниот Французин Мусе, стартуваше за последнопласираниот клуб во Премиер лигата, Шефилд јунајтед во поразот од Кристал палас во саботата, но оваа сезона нема постигнато ниту еден гол.
Мусе, кој заработува 25.000 фунти неделно, дојде во Јунајтед од Бурнемаут во текот на летото 2019 година во договор вреден 10 милиони фунти, а минатата сезона беше нивни најдобар стрелец со шест гола.