Во Париз започна гала вечерта на „Франс фудбал“ на која ќе биде доделена најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбаот, Златната топка.
Вечерта започна без присуство на делегацијата на Реал Мадрид. Според медиумите, Флорентино През решил Реал да ја бојкотира гала вечерта откако дознал дека Златната топка нема да ја освои Винисиус Жуниор.
Првата награда која беше доделена е наградата Копа за најдобра млад фудбалер. чекувано и заслуѓено му припадна на Ламин Јамал од Барселона. Ова 17-годишно момче со Шпанија летово стана европски првак.
Номинирани за трофејот Копа, покрај Ламин Јамал беа и Пау Кабурси, Алехандро Гарначо, Арда Гулер, Карим Конате, Коби Мајно, Жоао Невес, Савињо, Матис Тел и Ворен Заир-Емери.
LAMINE YAMAL IS THE 2024 KOPA TROPHY!
The 17 year old spanish wonder boy can't be stopped from @FCBarcelona! #TrophéeKopa #ballondor @championsleague pic.twitter.com/iKeIHAURrZ
— Ballon d'Or (@ballondor) October 28, 2024