Ибрахимовиќ: Го „златанизирав“ Стефано Пиоли

Ибрахимовиќ: Го „златанизирав“ Стефано Пиоли

пред 3 години

Златан Ибрахимовиќ вели дека го „златанизирал“ тренерот Стефано Пиоли, кој во Милан покажал дека е голем тренер и во исто време потврди дека нема трпение со неговите помлади соиграчи кај „росонерите“.

„Кога дојдов во јануари 2020 можеби го ‘златанизирав’ Пиоли и го направив многу повеќе како мене. Тој пристигна во Милан каде што имаше тешка атмосфера. Ако сме сега тука каде што сме, тоа е негова заслуга, бидејќи покажа дека е голем тренер. Има вистински менталитет и очекува многу од тимот, иако се работи за млади момци. Можеби има повеќе трпение од мене, но затоа е постар и позрел од мене. Тој е навикнат на ситуација во која се бори да остане во Серија А, што е многу различно од тоа да си навикнат на врвот. Сега, покажа дека е достоен за ова ниво. Мене пак, не ми е грижа. Не е важно колку години имаш, нема време за губење во Милан. Мора да играш добро сега. Ако не играм добро, Милан ќе донесе друг напаѓач и така е за секого“, вели Златан.

Share
Scroll to Top