Најдобрата британска тенисерка заразена со корона – нема да оди на ОИ во Токио

Најдобрата британска тенисерка заразена со корона – нема да оди на ОИ во Токио

пред 3 години

По Рафаел Надал, Роџер Федерер, Доминик Тим, Денис Шаповалов, Ник Кирјос, Дејвид Гофан во машка, и Наоми Осака, Симона Халеп и Серена Вилијамс во женска конкуренција, стигна нов отказ за Олимпијадата во Токио, кај дамите.

Најдобрата британска тенисерка Џоана Конта објави дека нема да патува во Токио затоа што Ковид тестирањето покажала дека е позитивна на вирусот.

Конта на Вимблдон била во контакт со заразена личност, по што беше во 10-дневен карантин. Подоцна се испостави дека и самата е заразена.

За потсетување, најдобриот тенисер во моментов – Новак Ѓоковиќ по победата на финалето на Вимблдон изјави дека шансите за негов настап во Токио се 50-50.

Share
Scroll to Top