Најдобрата резерва во НБА од Клиперси се пресели во Лејкерси

Најдобрата резерва во НБА од Клиперси се пресели во Лејкерси

пред 3 години

Монтрезл Харел, од Лос Анџелес Клиперс, кадиерата ќе ја предолжи во редовите на градските ривали Лејкерси. Херел како слободен играч договорил соработка со актуелните шампиони.

Херел и Лејкерси договориле двегодишна соработка, за која кошаркарот ќе добие 19.000.000 долари. 26-годишниот кошаркар од Северна Каролина, во Лејкерси, доаѓа на местото на Двајт Хауард, кој се пресели во Филаделфија.

Херел кариерата во НБА ја започна во 2015 година, во Хјустон, а во ЛА Клиперс играше од 2017 година.

Минатата сезона тој ја доби наградата за најдобар шести играч во лигата.

Покрај Херел, Лејкерси, ги донесоа Дени Шрудер и Весли Метјуз.

Share
Scroll to Top