Изминатите денови целиот свет им се смееше на Камерунците, дека на погрешна адреса го испратиле за Ерик Максим Чупо-Мотинг. Наводно, Камерунците наместо на мејлот на Баерн, повикот за Чупо-Мотинг го испратиле на својата адреса.
Фудбалскиот сојуз на Камерун, негира дека направиле грешка, тврдат дека мејлот е испратен на вистинската адреса, но фудбалерот немал намера да игра за својата репрезентација.
„Фудбалскиот сојуз не направи никаква грешка. На сите играчи, вклучувајќи го и Чупо-Мотинг им испративме покани на 5.март 2021 година. Покани испративме до и рачите и до нивните клубови. Само од Ерик Максим Чупо-Мотинг не добивме одговор. Му се јавивме но не крена слушалка. Вообичаено одговор на поканата добиваме во рок од 10 дена. Сите наши обиди да го контактираме завршија неуспешно. Тогаш ни стана јасно дека тој не сака да игра за репрезентацијата. Исто беше и пред натпреварот со Мозамбик, кога воопшто не се појави. Бидејќи овој пат покра Чупо-Мотинг немаше реакција ниту од неговиот клуб, ни стана јасно дека тој не сака да игра за својата земја“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Камерун.