Несторовски и Стојановски позитивни на коронавирусот

пред 4 години

Напаѓачите на македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски и Влатко Стојановски, се позитивни на коронавирусот. Двајцата беа дел од македонската експедиција што играше на Кипар против Ерменија, во Лигата на нации. Несторовски, поради коронавирусот, не бил во составот на Удинезе, во саботата против Џенова (1:0). Стојановски, фудбалер на второлигашот Шамбли, бил ставен во изолација веднаш по враќањето во Франција.

Share
Scroll to Top