Неверојатна вест доаѓа од Италија.
Четвртолигашот Месина го отпуштија тренерот Пино Риголи додека тој е во болница и се бори со Ковид 19.
Веста предизвика многу врева во Италија за хуманоста и фудбалот во ек на пандемија.
Месина во моментов е трета на табелата со 5 бодови помалку од лидерот, но и два меча помалку од конкурентите.
И во ваква ситуација несфатливо е како клубот се решил да го избрка тренерот кога неговата борба со животот сигурно е побитна од пласманот скалило погоре.
Отпуштен бил и неговиот помошник Лео Кријако кој имал ефект од 2 победи, реми и пораз додека Риголи се бори со болеста. Целата екипа е осакатена затоа што има голем дел позитивни фудбалери на коронавирусот.