Нејмар драстично го промени имиџот по финалето на Копа Америка

Нејмар драстично го промени имиџот по финалето на Копа Америка

пред 4 години

Бразилскиот фудбалски ас, Нејмар често експериментира со косата, но се чини овојпат отиде најдалеку.

По загубеното финале на Копа Америка од Аргентина неколку минути плачеше на „Маракана“ во Рио. Сепак, по само неколку дена повторно насмевка на лицето, но и нова фризура.

Бразилскиот играч сега на главата има сини плетенки, а на Копа беше со кратка фризура. Нема сомнеж дека се работи за надоградба која потоа е сплетена во десетина плетенки.

Фотографија со Нејмар на Инстаграм објави легендарниот бразилски десен бек – Кафу:

Share
Scroll to Top