Габриел Мaгаљаеш (27) треба да потпише нов и побогат договор со Арсенал, објавија британските медиуми. Бразилскиот репрезентативец пристигна во Арсенал во летото 2020 година од Лил за 26 милиони евра, а неговиот актуелен договор важи до јуни 2027 година.
Проблемот е што Габриел е меѓу помалку платените играчи во клубот, заработува околу шест милиони евра по сезона. Арсенал реши да реафира бидејќи сериозен интерес за Бразилецот покажал Ал-Наср.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака по секоја цена да ги задржи клучните играчи, а стоперскиот пар Габриел и Вилијам Салиба е столб на одбраната.
Иако игра како дефанзивец, Габриел е доста ефикасен во нападот. Оваа сезона постигна пет гола и имаше три асистенции во сите натпреварувања.
Во својата кариера играше и за Динамо Загреб. Тоа беше од февруари до јуни 2018 година.