Новак се израмни со Рафа и Роџер, ама се уште е далеку од апсолутен рекорд

Новак се израмни со Рафа и Роџер, ама се уште е далеку од апсолутен рекорд

пред 3 години

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ со триумфот на годинешниот Вимблдон се изедначи со по 20 грен слем титули со Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Нема сомнеж дека српскиот тенисер е најблиску до тоа да стигне до 21-та титула и апсолутен рекорд, ама само во машка конкуренција.

Статистичарите извлекоа податок врзан за рекорд во машка и во женска конкуренција.

Апсолутен рекордер по број на освоени грен слем титули е Маргарет Корт, со 24 грен слем одличја. Серена Вилијамс е веднаш зад неа, со 23, додека Германката Штефи Граф ја заврши кариерата со 22.

Share
Scroll to Top