Новак Ѓоковиќ е новиот шампион во Париз, на тенискиот грен слем Ролан Гарос. Српскиот ас во финалето по голем пресврт го совлада Гркот Стефанос Циципас во неговото прво грен слем финале. По повеќе од 4 часа игра Ѓоковиќ славеше со 3-2 (6:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:4).
За Ѓоковиќ ова е вторпат во кариерата да го освојува пехарот на РГ, првиот пат тоа му успеа во 2016 година.
Стана првиот тенисер во Опен ерата кој сите од четирите најголеми турнири ги освојувал по најмалку двапати. Во 29-тото грен слем финале дојде до 19-тата титула.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, на моето семејство, на мојот тренер, на физиотерапевтот, на сите. Нивото на тенис беше извонредно, беше исклучително физички и ментално тешко, но ова е исполнување на сонот“ рече Ѓоковиќ по мечот.