Новата ѕвезда на Реал, Камавинга и Французите пресилни за младинската репрезентација

Новата ѕвезда на Реал, Камавинга и Французите пресилни за младинската репрезентација

пред 3 години

Младинската репрезентација на Македонија, очекувано, загуби на гостувањето кај првиот фаворит Франција во првиот меч од квалификациите за Европското првенство до 21 година, откако младите „триколори“ предводени од новата ѕвезда на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга стигнаа до 3:0 победа.

Иако Французите имаа контрола на играта на стартот на мечот, до водство стигнаа со помалку контроверзен гол, откако обидот на напаѓачот на Ремс, 19-годишниот Натаниел Мбуку заврши во пречката и падна на гол-линијата. Бидејќи во натпреварот не се користеше ВАР систем, судијата го призна голот.

Камавинга, кого Реал Мадрид го купија во последните денови од преодниот рок, во 50. минута со убав гол од далечина зголеми на 2:0. Последниот гол на мечот падна во 89. минута кога дефанзивецот на Милан, Пјер Калулу ги постави конечните 3:0.

За момците на Драган Канатларовски нема причина за разочарување, бидејќи веќе во недела ги чека уште еден тежок тест, против Србија на домашен терен.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top