Норвешкиот скијачки „крал“ Свиндал има рак на тестисите

Норвешкиот скијачки „крал“ Свиндал има рак на тестисите

пред 2 години

Двократниот олимписки шампион и поранешен освојувач на Светскиот куп, Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал преку социјалните мрежи потврди дека му бил дијаагностициран рак на тестисите и дека веќе бил на операција. Тој објави фотографија од болничката соба на Инстаграм и побара мажите да се тестираат за болеста.

„Почувствував промена во моето тело, не бев сигурен за што се работи, но решив да одам на проверка. Бев на лекар и бргу ме преместиј во болницата каде што ги потврдија сомнежите дека се работи за рак на тестисите. Тестовите, скенирањата и операцијата се случија бргу и по првата недела прогнозата е добра. Само поради тоа што бргу отидов на доктор“, пишува Свиндал.

39-годишниот Свиндал во кариерата освои пет светски титули и имаше 36 победи во Светскиот куп, како и две титули во генерален пласман. Во неговата последна трка во кариерата, тој освои сребро во спуст на СП во 2019 година.

Share
Scroll to Top