Норис: Ова не е трка, ова е јо-јо

Норис: Ова не е трка, ова е јо-јо

пред 2 часа

Ландо Норис, актуелниот шампион во Формула 1, заврши петти на Големата награда на Јапонија во Сузука.

Асот на Мекларен е еден од многуте кои не се задоволни од новите автомобили и нивните перформанси, иако во финишот успеа да го престигне Луис Хамилтон.

„Искрено, дури и не помислив да го нападнам Луис. Сепак, во еден момент батеријата ми беше полна, надвор од моја контрола. Го престигнав, иако не ги контролирав работите. Ова не е трка, ова е јо-јо. Суштината е дека возачот треба да го контролира автомобилот, а во Формула 1 тоа не е случај“, рече Норис.

Британецот вели дека реалноста во најбрзиот караван не е сјајна.

„Можеби некои луѓе сметаат дека тркањето е интересно на телевизија, но верувајте ми, не е така во автомобилот. Не е толку автентично како што треба да биде“, заклучи Норис.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top