Норис пред Ферстапен во квалификациите, Пјастри уште еднаш потфрли

Норис пред Ферстапен во квалификациите, Пјастри уште еднаш потфрли

пред 3 часа

Возачот на Мекларен и лидер во генералниот пласман на возачи, Ландо Норис, го обезбеди првото место на стартната линија за Големата награда на Лас Вегас.

Британецот ја запре штоперицата на 1:47.934, а интересно е што во Невада во ноќта од петок кон сабота врнеше околу 20 минути пред почетокот на квалификациите, па влажниот автодром им ги отежна квалификациите на возачите.

Поројниот дожд престана пред почетокот на првиот дел од квалификациите, па речиси сите возачи (освен Габриел Бортолето и Оскар Пјастри, кои излегоа со „сините“ гуми) возе со „зелените“, интермедија пневматици.

Возачите почнаа да наоѓаат ритам дури во последната фаза од почетниот сегмент, а беа забележани два инцидента – Оливер Берман од Хас удри во ѕидот затоа што не успеа да закочи пред зоната за запирање, иако Британецот успеа да продолжи со натпреварувањето, додека Александар Албон го оштети предното тркало на болидот на Вилијамс, а подвиг е како Тајланѓанецот стигна до боксот.

Макс Ферстапен ќе стартува во првиот ред со Норис, а четирикратниот шампион по ред и бранител на титулата беше 0,323 секунди побавен од својот главен ривал за титулата кај возачите оваа сезона.

Зад возачот на Ред Бул е Шпанецот Карлос Саинц, а возачот на Вилијамс е одвоен само за 39 илјадити делови од Холанѓанецот, додека Џорџ Расел од Мерцедес е четврти, кој е 0,869 секунди зад сонародникот Норис.

Претендентот за титулата, колегата на Норис од Мекларен, Оскар Ојастри ќе стартува од петтото место, до него во третиот ред е Лијам Лосон од Рејсинг Булс.

Трката за Големата награда на Лас Вегас ќе се вози в недела со почеток во 5 часот по македонско време.

Share
Scroll to Top