Објавени платите на играчите во НБА – кошаркарите од Балканот не се во врвот

Објавени платите на играчите во НБА – кошаркарите од Балканот не се во врвот

пред 3 години

На два месеци пред официјалниот старт на новата сезона во НБА лигата (почнува на 19. октомври) порталот „Hoopshype” ги објави платите на играчите

Интересно е што кошаркарот кој беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната, Србинот Никола Јокиќ е на 26. место со годишна заработка од 31.579.390 долари.

За Стеф Кари (45 милиони долари), Џејмс Харден (44 милиони), Демијан Лилард (43 милиони), Леброн Џејмс (41 милион), Кевин Дурент (41 милион), Јанис Адетокумбо (39 милиони) не е чудно, но помалку зачудувачки се платите на кошаркарите од „вториот ешалон“.

Тука се Џон Вол (44 милиони), Кемба Вокер (36 милиони), Тобајас Херис (36 милиони), Руди Гобер (35 милиони), Бен Симонс (33 милиони), Блејк Грифин (32,5 милиони), Кристапс Порзингис (31,6 милиони долари).

Кошаркарите од Балканот се далеку зад овие суми.

Богдан Богдановиќ (18 милиони), Бојан Богдановиќ (18,7 милиони), Горан Драгиќ (19,4 милиони), Никола Вучевиќ (24 милиони).

Интересен е случајот со Лука Дончиќ, тој е на 103. позиција со 10.174,391 долари. Сепак, неговиот нов договор почнува да важи од сезоната 2022/23 со годишна плата од 35,7 милиони долари.

Share
Scroll to Top