Олимпискиот тим на „Панцирите“ не го доигра мечот со Хондурас поради расизам

Олимпискиот тим на „Панцирите“ не го доигра мечот со Хондурас поради расизам

пред 3 години

Олимписката фудбалска репрезентација на Германија играше пријателски меч против Хондурас, но истиот не го заврши.

„Панцирите“ се повлекоа од теренот на 5 минути пред крајот поради расистички навреди упатени на сметка на играчот на Херта Берлин – Џордан Торунарига (23).

Мечот се играше двапати по 30 минути, а резултатот до моментот на прекинот беше 1:1. Навредите се случиле непосредно по израмнувачкиот гол на Германците.

Торунарига е роден во Кемниц и е фудбалер на Херта од својата деветта година, а деби настапот за првиот тим го имаше на 19 години.

Стигна и официјално соопштение од Германскиот фудбалски сојуз:

„Мечот е завршен 5 минути порано, со резултат 1:1. Фудбалерите на Германија го напуштија теренот затоа што Џордан Торунарига е навредуван на расна основа“ стои во пораката на официјалниот Твитер профил на ФС на Германија.

На сајтот, пак, на Фудбалскиот сојуз на Хондурас пишува дека инцидентот всушност е „недоразбирање“.

По мечот се огласи и германскиот олимписки селектор, Штефан Кунц.

„Ако ни ги навредуваат играчите на расна основа, играњето натпревари не е опција“ вели Кунц.
Интересно е што натреварот се одигра пред празни трибини, па останува нејасна од кого дошле расистичките навреди.

Гермаија на стартот на Олимпискиот фудбалски турнир игра со Бразил, на 22 јули.

Share
Scroll to Top