Олмо ги спаси Шпанците во 92. минута во Тбилиси, Данците со осум „парчиња“ за Молдавија

Олмо ги спаси Шпанците во 92. минута во Тбилиси, Данците со осум „парчиња“ за Молдавија

пред 4 години

Шпанската фудбалска репрезентација се намачи да стигне до 2:1 победа на гостувањето кај нашиот стар познаник Грузија во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022, со што тимот на Луис Енрике ја забележи првата победа по неубедливото реми со Грција во првото коло.

Во првото полувреме со малку шанси, Грузијците стигнаа до водство во финишот со убавиот гол на Хвича Кварацхелија во 44. минута од мечот. Шпанците имаа повеќе од поседот на топката и во 56. минута израмнија откако нафрлањето на Жорди Алба помина покрај Алваро Мората, но Феран Торес се најде на вистинското место за 1:1. Кога се сметаше дека Грузијците добија заслужен поен, во 92. минута од мечот, асот на РБ Лајпциг, Дани Олмо упати удар од огромна далечина, а грузискиот голман киксираше за три поени за „фуријата“.

Во Тирана, Англија стигна до 2:0 победа над Албанија, благодарение на головите на Хери Кејн (39.) и Мејсон Маунт (65.), додека во Копенхаген, Данска ја декласираше репрезентацијата на Молдавија со неверојатни 8:0. Данците постигнаа пет гола за 20 минути во првото полувреме за моќна победа.

Во нашата група Ј, старите „должници“ Ерменија, стигнаа до импресивна 2:0 победа над Исланд со головите на Тигран Барсегјан и Хорем Бајрамјан.

СП 2022, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Б

Грузија – Шпанија 1:2

Косово – Шведска 20.45 ч.

ГРУПА Ф

Данска – Молдавија 8:0

Австрија – Фарски Острови 20.45 ч.

ГРУПА И

Албанија – Англија 0:2

Полска – Андора 20.45 ч.

ГРУПА Ј

Ерменија – Исланд 2:0

Романија – Германија 20.45 ч.

Македонија – Лихтенштајн 20.45 ч.

ГРУЗИЈА – ШПАНИЈА

АЛБАНИЈА – АНГЛИЈА

ДАНСКА – МОЛДАВИЈА

ЕРМЕНИЈА – ИСЛАНД

Share
Scroll to Top