Откажана е трката на Тајланд

Откажана е трката на Тајланд

пред 3 години

Светскиот шампион во мотоциклизам нема да се вози во Тајланд и оваа година. Дорна и Светската мото федерација ја откажа трката која на патеката Буринам требаше да се вози на 17.октомври. Претходно беа откажани трките Финска, Јапонија и Австралија.

Дорна и Светската мото федерација ја откажаа трката во Тајланд поради рестриктивните мерки кои ги применува оваа држава во борбата со коронавирусот.

Големата награда на Тајланд, во календарот влезе во 2018 година. На првото издание победи Марк Маркез, а Шпанецот го повторни успехот и во 2019 година. Лани трката беше откажана поради пандемијата.

Од Дорна се надеваат дека ќе успеат да најдат замена за оваа трка.

Share
Scroll to Top