Официјално: Хамилтон заминува од Мерцедес во Ферари

Официјално: Хамилтон заминува од Мерцедес во Ферари

пред 8 месеци

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон по завршувањето на сезоната 2024 ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари, потврдија германскиот и италијанскиот тим.

„Мерцедес и Луис Хамилтон ќе ја прекинат соработката на крајот на 2024 година. Луис ја активираше клаузулата во договорот кој беше потпишан минатата година“, се вели во соопштението на Мерцедес.

Само неколку минути подоцна, Ферари потврди дека Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со почеток во 2025 година.

Претходно во текот на денот се појави информација дека се работи за шокантен трансфер на Хамилтон во Маранело од 2025 година, а првата потврда дојде во форма на соопштение од Мерцедес.

Британецот во тимот ќе му се придружи на Шарл Леклер, кој неодамна потпиша нов повеќегодишен договор со легендарниот тим. Ова значи и дека Карлос Саинц јуниор ќе мора да најде нова работа.

Share
Scroll to Top