Падна првиот рекорд иако ОИ се уште не се официјално отворени!

Падна првиот рекорд иако ОИ се уште не се официјално отворени!

пред 3 години

Олимписките игри се уште не се официјално отворено, па додека се чека освојувачот на првиот медал од 32. летна Олимпијада, во Токио веќе падна првиот рекорд.

Јужнокорејката Ан Сан собори рекорд стар 25 години во стрелаштво, и тоа уште во квалификациската рунда.

Таа дојде до резултат од 680 поени и со тоа го урна рекордот на Украинката Лина Ерасименко од 1996 година. Тогаш таа имала 673 бодови.

Јанг Мин Хи беше втора во квалификациите, со резултат 677 поени, а светската рекордерка Канг Чејанг имаше 675 поени. Најдобрата стрелачка која не е од Ј. Кореја е Мексиканката Алехандра Валенсија. И таа гаѓаше над веќе поранешниот рекорд – собра 674 поени.

Со ваков резултат падна и тимскиот олимписки рекорд, Корејките собраа 2.032 бодови.

Share
Scroll to Top