Пандев и Џенова добиваат американски газди

Пандев и Џенова добиваат американски газди

пред 3 години

Американската инцестициска група која е сопственик на 5% од акциите на тимот на Севилја, „777 partners” се подготвуваат за влез во италијанскиот фудбалски пазар.

Според информациите на медиумите на „Чизмата“, инвестициската група на средината на овој месец треба да потпише договор со Енрико Прециози за купување на Џенова за 150 милиони евра.

Доколку дојде до ова, тоа ќе е првата купопродажба и менување на сопственичка структура во италијанските клубови уште од 2019 година кога италијанскиот бизнисмен со американски пасош, Роко Комисо ја презема Фиорентина за 165 милиони евра.

Со тоа Џенова ќе стане осмиот клуб во Серија А со мнозински странски сопственик.

Џој Сапуто во 2004 ја купи Болоња, кинески „Suning Holding“ во 2016. Го преземаа Интер, а американски „Eliot“ две години подоцна стана сопственик на Милан.

Рома од 2020 година е во рацете на американската „Fridkin grup“, а американската компанија „Kraus“ има 99% од акциите на Парма.

На почетокот на февруари годинава и Специја доби Американец за сопственик – Роберт Платек.

Share
Scroll to Top