Паркер го продолжи договорот со Барселона

Паркер го продолжи договорот со Барселона

пред 2 недели

Американскиот кошаркар Џабари Паркер го продолжи договорот со Барселона, потврди каталонскиот клуб.

Само еден ден откако шпанските медиуми ја пренесоа оваа информација, дојде и официјална потврда дека Паркер ќе помине уште две години во Европа.

„Многу сум благодарен. Од првиот момент кога пристигнав во Барселона се чувствував добро, стекнав големо искуство. Сакам тие добри времиња да продолжат уште многу години овде во Барселона”, изјави Паркер и додаде:

„Тоа беше лесна одлука. Да можам да изберам 10 пати, повторно би го избрал истото“.

Паркер минатото лето пристигна во Барселона од НБА лигата, а оваа сезона има просек од 10,3 поени и 3,9 скока.

Share
Scroll to Top